Џенаро Гатузо го имаше своето деби на клупата на Наполи и авантурата ја започна со болен пораз од Парма.
Наполи игра лоша сезона во Серија А, па јасно е дека на тимот му се потребни засилувања во зимскиот преоден рок, а откриена е првата трансфер мета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за играчот за врска на Арсенал, Лукас Тореира кој е најголема желба на тренерот Гатузо. Раководството сака да му ја исполни желбата и спрема понуда од 25 милиони евра.
Уругвајскиот играч за врска немаше многу простор кај Емери, но под водство на Љумберг игра редовно и тоа може да биде проблем за Наполи.
Се очекува Артета наскоро да биде назначен за нов тренер на Арсенал, а англиските медиуми тврдат дека Шпанецот нема да дозволи Тореира да го напушти „Емиарти“.