Дома Трансфер зона Гатузо првото засилување го носи од Милан

Гатузо првото засилување го носи од Милан

Џенаро Гатузо седна на клупата на Наполи и утре ќе дебитира против Парма, а италијанските медиуми откриваат кои се неговите планови во зимскиот трансфер период.

Гатузо е задоволен со тимот кој го има на располагање и нема да прави големи промени оваа зима, но има две трансфер желби во јануари.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Скај Италија“ пренесува дека првата желба на Гатузо е левиот бек Рикардо Родригез, со кого имаше одлична соработка во Милан.

Оваа сезона кај „росонерите“ блесна Тео Хернандес, па Родригез е постојано на клупата за резерви и самиот е спремен да ја промени средината.

„Родригез сака да игра и во јануари може да се случи се. За Гатузо е спремен да направи се и сигурно дека би прифатил трансфер во Наполи“, изјави неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…