Дома Трансфер зона Стигна потврда: Ребиќ се враќа во Бундеслигата

Стигна потврда: Ребиќ се враќа во Бундеслигата

Анте Ребиќ по само четири месеци минати во Милан, би можел да се врати назад во Ајнтрахт Франкфурт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот фудбалер дојде во таборот на „росонерите“ како големо засилување, но ретко кога добива шанса, и затоа се разгледува можноста за враќање во Бундеслигата.

Тој е позајмен во Милан на две години, со можност да се откупи неговиот договор, меѓутоа има и клаузула која вели дека Ајнтрахт Франкфурт може да го врати во било кој преоден рок во првата година од позајмицата, доколку Милан го дозволи тоа.

Денес стигна и потврда од тренерот на Ајнтрахт, Ади Хутер, кој истакна дека веќе имал средба со Ребиќ и дека сигурно ќе се врати во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…