Најмладата екипа на Ливерпул која одиграла еден натпревар синоќа беше поразена во рамките на четвртфиналето од Лига Купот против Астон Вила со резултат 5:0.
Поради Светското клупско првенство, Ливерпул синоќа мораше да игра со младинскиот тим, кој во просек имаше 19 години и 182 дена, а Вила на крајот очекувано победи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на младинците, Критли го предводеше тимот, бидејќи Јирген Клоп отпатува за Катар на СКП.
Поразот на Вила Парк е тежок, резултатот е премногу висок, но Критли истакнува дека тој бил горд од односот на своите играчи, а пет од нив го имаа своето деби за првиот тим на Ливерпул.
На прашањето дали Клоп понудил било каков коментар, Критли рече: „Имавме некои информации на полувремето од менаџерот. Во основа, тој ни рече да продолжиме да играме како што играме, да продолжиме да бидеме храбри. Сигурен сум дека тој ќе биде горд на начинот на кој игравме вечерва “.