Академија Пандев во текот на паузата се засили со млад фудбалер.
Првиот професионален договор во својата кариера го потпиша 17 годишниот Иван Николов кој веќе три години е дел од младинските категории на Струмичани.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“Иван Николов потпиша професионален договор со Академија Пандев. Николов е дел од Академија Пандев веќе три години каде настапуваше за младинските категории, а од оваа сезона е важен дел и во сениорскиот тим. Академија Пандев гледа светла иднина во 17-годишниот репрезентативец на Македонија и ова е првиот негов професионален договор што не прави посебно горди. Му посакуваме многу успешни настапи во сино-белиот дрес, а еден ден и како дел од некој европски великан“, стои во објавеното соопштение на Фејсбук страната на Академија Пандев.