Дома Фудбал Баерн Минхен започна преговори со Тухел

Баерн Минхен започна преговори со Тухел

Раководството на Баерн Минхен е во потрага по нов тренер, кој ќе биде долгорочно решение, после отказот на Нико Ковач.

Во моментов тимот привремено го води Ханзи Флик кој има добри резултати после отказот на Ковач. Еминентниот „Билд“ пренесува дека раководството сака да го задржи Флик, а потоа тој да остане помошник кога ќе дојде новиот тренер.

Баварскиот гигант сака да го донесе Томас Тухел, кој моментално е тренер на ПСЖ, и е во постојан контакт со неговите агенти.

Германските медиуми сметаат дека е многу веројатно Тухел на лето да се раздели со ПСЖ и да седне на кормилото на Баерн Минхен. Тој би се согласил да работи заедно со Флик на „Алијанц Арена“, кој едноставно ќе му го чува местото до крајот на сезоната.

Доколку не успее овој план, како резервна опција Баварците го имаат Маурисио Покетино, кој моментално е слободен после отказот во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…