Дома Фудбал „Модриќ е играч кој однапред знае што ќе направи“

„Модриќ е играч кој однапред знае што ќе направи“

Фудбалерот на Ајакс, Дони ван Де Бек, го пофали играчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ.

Де Бек се споменува како следно засилување за Реал, а играчот од средниот ред на Ајакс е свесен дека во Реал Мадрид би добил шанса да игра заедно со Модриќ, за кого смета дека е меѓу најдобрите во светот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Го следам уште од дете и беше навистина убаво да играм против него“- рече Дони и додаде:

„Мислам дека е навистина убаво да го гледам како игра. Тој е играч кој секогаш знае однапред што ќе направи“.

Со оглед на тоа што Ајакс не успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампиони, не треба да изненадува ако во јануари Де Бек се пресели во Реал, кој ќе игра против Манчестер Сити во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бура во мак-фудбалот: Пелистер се скара со Вардар – во Битола веќе нема место ниту за управата, ниту за навивачите!

Еден ден по дербито во Битола во кое Вардар славеше со 2-1, од таборот на Пелистер реагира…