Дома Трансфер зона Реал го дава Модриќ и пари за Кулибали

Реал го дава Модриќ и пари за Кулибали

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а примарна цел ќе биде ѕвездата на Наполи, Калиду Кулибали.

Сенегалецот е мета на многу европски гиганти, но Наполи во летниот преоден рок за неговиот потпис бараше 100 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега работите се променија бидејќи Кулибали не е задоволен во Наполи, а тоа се одрази и на неговите настапи, па Реал сака да ја искористи таквата ситуација.

Шпанските медиуми тврдат дека Реал е спремен да понуди 50 милиони евра, плус потписот на Лука Модриќ.

Наполи го проценува Кулибали на 100 милиони евра, па тешко дека ќе ја прифати оваа понуда, но е отворен за преговори.

Реал не е единствениот клуб кој покажува силен интерес за Кулибали, но е спремен да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…