Во новата сезона од Премиер лигата би можело да биде воведено и ново правило.
ФA планира наредната сезона во најелитниот ранг во Англија да воведе правило според кое би се казнувале симулантите после прегледувањето на снимки. Значи, англичаните се обидуваат да го искоренат глумењето кај фудбалерите, а со тоа да им помогнат и на судиите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текот на сезоната која изминува донесени беа многу сомнителни одлуки, кои навистина беа тешки за судиите да ги проценат во текот на натпреварот. Тоа често пати ја убиваше магијата на фудбалот во одлучувачките натпревари.
Се најавува дека казната за симулирање би можела да изнесува забрана за настап на еден или два натпревари.