Барселона денес во рамките од 17.коло во Ла Лига одигра само 2:2 против Реал Сосиедад.
Сосиедад од денес од стартот покажа дека може да биде опасен кон голот на Тер Штеген. Токму тие го отворија резултатот. Бускетс влечеше во својот шеснаесетник после што беше досудена најстрога казна за домаќините, сигурен реализатор беше Ојарзабал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барса до изедначување успеа да стигне после една контра во која реализираше Антоан Гризман на седум минути до крајот на полувремето. На самиот старт од вториот дел Суарез на празен гол откако беше проигран од Меси погодува за целосен пресврт.
Сосиедад не се откажа после раниот гол во вториот дел на Барселона и до изедначување стигна после нешто повеќе од еден час преку Исак.
Со ова реми Барселона му даде прилика на Реал на пред „Ел Класико“ да го превземе врвот на табелата. „Кралевите“ ќе бидат лидери ако утре ја победат Валенсија на гостински терен.