Дома Останати Ракомет Младиот Кизиќ ја има втората најдобра одбрана во ЛШ! (ВИДЕО)

Младиот Кизиќ ја има втората најдобра одбрана во ЛШ! (ВИДЕО)

Младиот голман на Вардар, Марко Кизиќ ја има втората најдобра одбрана во Лигата на шампионите во првите 10 кола избор на ЕХФ.

Покрај Кизиќ помеѓу најдобрите се најде и двојната одбрана на голманот на Еурофарм, Градимири Чаневски. На првото место е Андреас Волф кој е единствениот голман со три одбрани во топ 20. Сите одбрани можете да ги видите на официјалниот сајт на ЕХФ – тука.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Оваа недела во фокусот е младиот Марко Кизиќ од Вардар. Со двојна одбрана ги воодушеви навивачите. Не е лошо за 18 годишно момче“, стои во објавата на ЕХФ со видеото кога оваа одбрана беше избрана за одбрана на неделата.

Кај најдобрите голови, Вардар нема претставник, додека Еурофарм има двајца свои претставници.

Голот на Радовиќ со кој донесе победа над Савехоф се најде на 17. позиција, додека голот на Јотиќ од девет метри против Кокс е на петтата позиција. Сите најдобри голови можете да ги погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…