Maкедонскиот претставник Еурофарм Пелистер замина за Атина на дуел со последниот освојувач на Челинџ Купот, АЕК Атина.
Пред овој натпревар зборуваше младиот голман Марко Кизиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„АЕК е изненадување на сезоната. Ги познававме и претходно, знаевме дека се квалитетен тим, но покажаа одлични резултати во првите две кола. Тоа не смее да нè заплашува, тоа ни дава поголем мотив. Се спремаме, ги анализираме и одиме во Атина на победа.
Имаат доста нови играчи. Од тоа што го гледавме, играат брз ракомет, ризикуваат многу и не калкулираат. Сакаат да играат и нивната најголема предност е сплотеноста. Се гледа дека се екипа, но тоа ни дава поголем мотив да докажеме дека сме подобри од нив и да ги победиме“, изјави Кизиќ.
Фото: РК Еурофарм Пелистер