Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо беше многу задоволен после победата над Баер Леверкузен во Лиагата на шампиони.
Роналдо играше одлично, постигна еден гол, и изјави дека тоа е неговото омилено натпреварување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тоа е мојот турнир, го обожавам. Сакам да играм во Лигата на шампиони, но најважна е победата на тимот. Одигравме одлично во второто полувреме, игравме добро и постигнавме голови. Завршивме во првото место на групата без пораз“.
„Во второто полувреме игравме пресинг и тоа повисоко, па така создадовме повеќе шанси за гол. Тимот е во одлична форма кога е физичката спремност во прашање. Целосно го контролиравме мечот и заслужено победивме“, изјави Роналдо.
„Што се однесува до ждребот, знаеме дека во оваа фаза секој противник е тежок. Да го почекаме ждребот, па потоа ќе коментираме“, заклучи Португалецот.