Дома Фудбал Останато Чеферин до Хрватите: Направете нешто го имате најлошиот стадион во Европа

Чеферин до Хрватите: Направете нешто го имате најлошиот стадион во Европа

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин вчера беше во гостин во Загреб натпреварот помеѓу Динамо и Манчестер Сити.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Чеферин во хрватската престолнина пристигна за да учествува на церемонијата Спортски игри за млади, аматерско натпреварување за млади спортисти и деца. Освен тоа тој прими титула на амбасадор од Пеџа Мијатовиќ.

При таа посета Чеферин на Хрватите отворено им зборуваше за проблемите со нивниот стадион.

„Нема да ви зборувам за вашиот клуб, но можам да кажам дека тука ми се допаѓа се освен стадионот. Мислам дека ова е најлошиот стадион во Европа на ова ниво натпреварување. Морате да поправите нешто побрзо. Знам дека разликите се големи. Динамо од тв права не заработува ништо, а клубовите во Англија добиваат 150 милиони фунти додека вие се уште немате кров. Јасно е дека клубот прави чудо, но проблемот со стадионот морате да го решите за одите напред“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алонсо означи еден фудбалер како недопирлив во Челси

Доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на Челси веќе донесе први јасни чекори во врска со пла…