Кристиано Роналдо летото 2018 година ја промени средината. Реши да го напушти Реал Мадрид после скоро една деценија и се пресели во Јувентус.
Скоро 18 месеци подоцна Роналдо на некои од бившите соиграчи од Реал им признал дека се кае поради неговото заминување во Јувентус, тврди шпанскиот медиум „АБЦ“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Португалецот одигра одлична прва сезона во Италија, но оваа сезона веќе почна да чувствува носталгија за Мадрид, иако тоа никогаш нема јавно да го признае.
Наводно Роналдо сега го сфатил тоа што му било кажано на заминувањето од „Сантиаго Бернабеу“, а тоа е дека ниту еден клуб не е на нивото на Реал Мадрид.
Притоа, Роналдо е убеден дека со останувањето во Реал ќе добиел барен една од изминатите две „Златни топки“ кои им припаднаа на Лука Модриќ и Меси.
Најпопуларниот фудбалер во светот го напушти Реал бидејќи не беше задоволен од условите на новиот договор кој му го понуди Флорентино Перез.