Во терминот од 16:00 часот во Премиер лигата денес се одиграа два натпревари.
Тотенхем продолжува да игра одлично под водство на Жозе Мурињо, а денешната жртва беше Барнли кој од „петлите“ прими пет гола. Не требаше многу за да стане јасно кој ќе го води главниот збор во овој натпревар. Хари Кејн уште во четвртата минута го отвори резултатот, само пет минути подоцна Лукас зголеми на 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За нов гол се чекаше до 32. Минута кога Сон Хеунг Мин го постигна најдобриот гол во неговата кариера и гол кој долго време ќе се врти на највните тв шпици. Со 3:0 Тотенхем замина на полувреме.
Во вториот дел со вториот гол на Кејн и погодокот на Сисоко ги поставија конечните 5:0.
И Ливерпул не дозволи изненадување против Бурнемот на гости, па славеше со 0:3. Головите за „црвените“ ги постигна Чембрлејн, Кеита и Салах. На оваа средба посебно внимание привлече супер асистенцијата на Салах кога погоди Кеита.