Дома Фудбал Италија Михајловиќ утре се враќа на местото каде што го откри еден од најдобрите голмани во светот

Михајловиќ утре се враќа на местото каде што го откри еден од најдобрите голмани во светот

Синиша Михајловиќ полека се враќа на предизвиците со Болоња по еден од најтешките периоди во неговата кариера, т.е. борбата против леукемијата. Болоња утре ќе го пречека Милан во 15. коло од Серија А.

Српскиот тренер беше спречен да патува кај Удинезе каде што неговиот тим доживеа тежок пораз во купот на Италија, но се очекува да ги предводи своите избраници против Милан.

Михајловиќ во минатото го преводеше Милан, а притоа го „откри“ Џанлуиџи Донарума, кој сега е главен меѓу стативите на „росонерите“.

Донарума тогаш имаше само 16 години, а неколку години подоцна тој стана еден од главните играчи во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…