Дома Фудбал Останато Тевез: Се спремав за финале со Јувентус, а мислев на Бока

Тевез: Се спремав за финале со Јувентус, а мислев на Бока

Искусниот аргентински напаѓач Карлос Тевез ги изненади сите кога летото 2015 година одлучи да го напушти Јувентус иако тогаш имаше 30 години.

Многу ќе кажат дека Тевез тогаш беше на врвот од кариерата, а после одличната сезона во дресот на „Старата дама“ одлучи да го напушти клубот. Аргентинецот во Јувентус помина две сезони после доаѓањето од Манчестер Сити, но потоа одлучи да се врати во татковината.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тевез ја изненади управата на Јувентус кога летото 2015 година им соопшти дека сака да го напушти клубот и да се врати во Бока. Јуве не му стоеше на патот и го пушти за седум милиони евра во аргентинскиот гигант.

Во разговор за аргентинските медиуми Тевез призна дека во последната сезона во дресот на Јувентус бил тажен затоа што сакал со сите сили да се врати во Бока.

Последниот меч во дресот на „Старата дама“ му беше финалето во Лигата на шампионите против Барселона која на крајот славеше со 3:1.

„Бока е мојот живот кога бев во најдобрите денови од кариерата и се припремав за финалето против Барса јас размислував на Бока. Тогаш ме сакаа Атлетико Мадрид и Баерн, но едноставно морав да одам дома“.

„На почетокот на таа сезона на Ањели му кажав дека ќе одиграм најдобро што можам, но дека на крајот сакам да се вратам дома и тој ме разбра многу добро. Сакав да играм повторно за Бока и тоа да го направам во години кога можам да дадам многу. Тука ќе се пензионирам и веќе немам никакви други мотиви и предизвици во кариерата. И Реал Мадрид да ме бара ќе останам тука“, изјави Тевез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…