Белгискиот репрезентативец Тоби Алдервајлед е на излезна врата од Тотенхем, а според последните информации големи се шансите кариерата да ја продолжи во Серија А.
Алдербајлед влезе во последната година од договорот и нема најави за негово продолжување, па е слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес во моментов за 30-годишниот дефанзивец покажува Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.
„Росонерите“ сакаат да ја победат конкуренцијата и уште во јануари да потпишат преддоговор со Белгиецот, па веќе ја презентирале својата понуда.
Во меѓувреме Мурињо се обидува да го убеди дефанзивецот да остане во Тотенхем, но белгиските медиуми тврдат дека Алдервајлед е спремен за нова авантура и е отворен за преселба во Серија А.