Дома Фудбал Италија „Роналдо е престар, во последните месеци само се влече по теренот“

„Роналдо е престар, во последните месеци само се влече по теренот“

Кристијано Роналдо е премногу стар за современиот фудбал и последните месеци само се влечеше по терените , смета поранешниот напаѓач на Јувентус, Никола Аморузо.

Аморузо играше за Старата дама кон крајот на минатиот и почетокот на овој век, постигнувајќи девет гола на 53 натпревари, но и покрај ваквите лоши перформанси, тој самиот си даде право да коментира за големиот Роналдо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Убеден сум дека Роналдо сепак може да биде одличен, дека може да постигне гол и да направи разлика на теренот… Само кога ќе сфати дека ова се годините во кои треба многу повеќе да одмора, односно да го даде своето место на помладите. Па човекот неколку месеци само се влече по терените.“ – изјави Аморузо.

Инаку, Роналдо ја игра една од најслабите сезони во кариерата, а последниот гол од игра за Јуве го постигна пред месец ипол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …