Фредрик Љумберг го презеде Арсенал откако Унаи Емери беше отпуштен, но не стигна до победа на неговиот прв натпревар.
Топџиите одиграа 2:2 на гости кај Норвич и беше очигледно дека Швеѓанецот го чека уште многу работа да го извлече тимот од големата криза во која се наоѓа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Фреди секоја помош ќе му биде добредојдена, а легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека е подготвен да му помогне на својот поранешен играч во неговата тренерска улога на клупата.
“Секогаш со задоволство им помагам на моите поранешни играчи и на мојот поранешен клуб. И ако тој ја има оваа потреба, секако дека ќе бидам достапен”, изјави Арсен Венгер за Телеграф.
„Не сакам премногу да коментирам за Арсенал. Им посакувам добро. Фреди е фантастичен и посветен и ќе сака да ја задржи оваа работа многу долго време. Значи, тој има шанса“.