Дома Фудбал Се огласи Ван Дајк после нападите на фудбалската јавност: Не наседнувајте на циркусот!

Се огласи Ван Дајк после нападите на фудбалската јавност: Не наседнувајте на циркусот!

Вирџил Ван Дајк се огласи на социјалните медиуми по нападите од целата фудбалска јавност која почна да го суди попради коментарот за Кристиано Роналдо.

Холанѓанецот синоќа на доделувањето на наградите го „исмеа“ Роналдо со коментар дека тој воопшто не му е ривал и дека не е кандидат за освојување на „Златната топка“.

После ова Ван Дајк беше осуден за недостиг на респект од целата фудбалска јавност, а се огласи и познатиот новинар Пирс Морган.

„Не, Кристиано Роналдо е далеку подобар играч, а ти не си во неговата лига“, му порача Морган па следуваше одговор на Ван Дијк.

„Здраво Пирс, да не си наседнал на циркусот на социјалните медиуми и да си го ислушал целото интервју, би сфатил дека се работи за шега, јас имам респект кон нив двајцата“, напиша Ван Дaјк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…