Дома Фудбал Симеоне: Ова е транзициска година за Атлетико!

Симеоне: Ова е транзициска година за Атлетико!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го коментираше поразот од Барселона синоќа на „Ванда Метропилитано“.

„Јорганџиите“ беа поразени со голот на Лео Меси, па сега се наоѓаат на 6-то место на табелата и заостануваат зад лидерите, а Симеоне изјави дека оваа година е транзициска за Атлетико Мадрид.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Тимот даде се од себе, играчите го прават она што тренерот го бара од нив. Ние мора да бидеме трпеливи и свесни дека имаме транзициска година. Јас сум најмалку трпелива личност, треба да го разбереме обемот на промените што ги доживеа тимот. Ни треба време да ја подобриме ситуацијата“, изјави Симеоне.

Синоќа неговиот тим беше исвиркан од сопствените  навивачи на „Ванда Метрополитано“.

„Ова е нормално, критикувани сме. Заостануваме зад Барселона и Реал Мадрид. Не ми пречи“, заклучи аргентинскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челниците на Челси донесоа одлука за судбината на Росениор!

Иако неодамна седна на клупата на Челси, многу навивачи на овој тим веќе сакаат да го вида…