Денес беа одиграни натпреварите од 17. коло од македонската прва лига во кое Вардар и Шкендија запишаа убедливи победи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вардар на гости кај Академија Пандев во дербито на колото славеше со убедливи 0:3. Фудбалерот кој игра во супер форма од стартот на сезоната Аврамовски погоди уште во 11. Минута. Иако видовме гол во раната фаза сепак тоа беше единствениот погодок во првото полувреме.
На нов гол се чекаше дури до 69. и стрелец повторно беше Аврамовски. Точка на натпреварот стави Брдаровски во последните минути од натпреварот.
Шкендија предводена од Ибраими и Жуниор го победи Шкупи на свој терен со 4:0. Ибраими и Жуниор постигнаа по два погодоци.
Во останатите два натпревари Борец ја победи Ренова со 1:0, додека Работнички и Силекс одиграа 1:1.