Ѕвездата на Баерн и репрезентацијата на Германија Џошуа Кимих е еден од многуте разочарани од жребот за Европското првенство во 2020 година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кимих не може да си поверува како ждребот дозволи во една група да бидат светскиот шампион од 2014 (Германија), актуелниот европски шампион (Португалија) и актуелниот светски шампион (Франција).
„Навистина не разбирам како може Германија, победник во квалификационата група и светски шампион од 2014 на ЕП да биде во група со Португалија, актуелниот европски шампион и Франција актуелниот светски шампион? Каков ждреб е тоа!? Вакво нешто немало на ниту едно првенство“, изјави Кимих.
Инаку во оваа група може да се најде и Македонија ако се пласираме на ЕП. Доколку ние се пласираме на Европското првенство, а истото го направи и Романија тогаш ние ќе играме во оваа група. Во случај Романија да не се пласира ќе играме во група со Холандија, Австрија и Украина.