Дома Фудбал Англија Покетино конечно се огласи после отказот во Тотенхем

Покетино конечно се огласи после отказот во Тотенхем

Маурисио Почетино на големо изненадување беше отпуштен од клупата на Тотенхем минатата недела.

По лошите резултати челниците на Тотенхем му врачија отказ на Покетино што беше изненадување со оглед на тоа дека Аргентинецот минатата сезона ги водеше „спарси“ до финалето од Лигата на шампионите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


После неколку дена Покетино конечно се огласи и преку соопштение им се заблагодари на сите во Тотенхем за неверојатните пет и пол години поминати заедно.

„Би сакал да им се заблагодарам на Џо Луис и Даниел Леви затоа што ми дадоа можност да бидам дел од историјата на Тотенхем. Сакам да им се заблаогдарам исто на сите кои ги запознав во Тотенхем, сите вработени и сите играчи со кои поминав овие пет и пол години. За крај сакам да ги спомнам навивачите кои го прават овој клуб величенствен со нивната поддршка. Го дадов максимумот да ги исполнам целите кои ми беа поставени на нашата прва средба. Имаше тешки предизвици по кои уживавме во успесите. Се најдобро во иднина“, напиша Покетино во пораката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп отвори профил на Инстаграм и направи – хаос! 🎥

Jирген Клоп заминува од Ливерпул, утре за германскиот стратег ќе биде последниот натпревар…