Дома Фудбал Италија Тренерот кој експресно доби отказ во Милан, ќе го тренира Несторовски?

Тренерот кој експресно доби отказ во Милан, ќе го тренира Несторовски?

Поранешниот тренер на Милан, Марко Џампаоло се чини дека нема да биде уште долго без ангажман.

Џампаоло летоска пристигна во Милан со големи очекувања, но четирите порази во првите седум натпревари и слабите игри на Росонерите му донесоа отказ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, последните информации од италијанските медиуми велат дека Џампаоло од следното лето би можеле повторно да го гледаме во Серија А. За неговите услуги е заинтересиран клубот на нашиот репрезентативец, Несторовски, Удинезе.

Со оглед на фактот дека во Италија еден тренер не може да предводи два различни тима во иста сезона, Џампаоло би можел да биде ангажиран следното лето.

„Лука Готи, кој е како привремено решение, најверојатно ќе остане на клупата до крајот на сезоната.“ – наведува Калчомеркато.

Џампаоло сигурно нема да брза, особено со оглед на тоа што Милан има обврска да му дава плата се додека не најде нов ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…