Дома Трансфер зона Мурињо проговори за можноста да го донесе Ибрахимовиќ

Мурињо проговори за можноста да го донесе Ибрахимовиќ

Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо ги коментираше шпекулациите за евентуалниот трансфер на Златан Ибрахимовиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Специјалниот“ го донесе Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед во 2016 година, но сега ја отфрли можноста за трансфер, со образложение дека веќе го има Хари Кејн.

На Ибрахимовиќ му заврши договорот со ЛА Галакси и сигурно ќе се врати во Европа, а за него интерес покажуваат неколку клубови, пред се од Италија.

„Имам одлични односи со него. Тој е неверојатен играч и исклучителен човек, нема да кажам дека не постои никаква шанса да дојде во Тотенхем. Ние веќе го имаме најдобриот напаѓач во Англија. Кејн е еден од тројцата најдобри напаѓачи во Европа. Нема смисла да го доведеме Златан кога веќе го имаме Хари“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…