Еурофарм Работник во текот на вчерашниот ден ја раскина соработката со Стевче Алушовски.
Отказот на Алушовски доаѓа после поразот на гости кај Металопластика од 26:27. Како што стои во соопштението објавено на Фејсбук страната одржан бил состанок на кој клубот и Алушовски се договориле за спогодбено раскинување на договорот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Управата на РК Еурофарм Работник денес спогодбено ја прекина соработката со досегашниот прв тренер на клубот Стевче Алушовски. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во ЛШ и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката. Управата на РК Еурофарм Работник му се заблогодарува на досегашниот ангажман Алушовски, му посакува многу здравје и понатамошни спортски успеси“, стои во соопштението на Еурофарм.