Дома Фудбал Англија Два англиски гиганти се борат за потписот на Покетино

Два англиски гиганти се борат за потписот на Покетино

Маурицио Покетино доби отказ од Тотенхем, па така по пет години го напушти Лондон, а на негово место пристигна Жозе Мурињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Покетино сигурно сака што поскоро да се врати на фудбалот, наводно Баерн Минхен е заинтересиран, но на Баварците им оди добро и со помошникот Ханс Флик.

Поради тоа Покетино чека работа од Англија, а таму би можел да го добие кормилото на еден од англиските гиганти Манчестер Јунајтед или Арсенал.

Управите на двата клуба не се задоволни од своите тренери Оле Гунар Солшер и Унај Емери, па наскоро Покетино би можел да седне на кормилото на некој од овие два клуба.

Наредните недели, односно околу Божиќ би можел да биде клучен период за тренерска смена во премиерлигашите, а Покетино е прв избор, пренесуваат медиумите на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крај на сагата со Хари Кејн: Англичанецот ја соопшти конечната одлука на раководството на Бајерн

Еден од најдобрите напаѓачи во светот последниве недели се поврзуваше со враќање во Премие…