Дома Фудбал Англија Сари призна: Денеска имавме среќа

Сари призна: Денеска имавме среќа

Самиот Маурицио Сари признава дека Јувентус денеска имал среќа на натпреварот против Аталанта.

Јувентус славеше со 3:1, победа остварена со пресврт. Игуаин постигна два гола, Дибала еден и Јуве е на плус четири во однос на второпласираниот Интер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Беше забавна игра со темпо и интензитет што обично не го гледате во Серија А“, рече Сари и додаде:

„Ги изгубивме главите по промашениот пенал, размислувајќи за се освен за фудбалската игра и дозволивме Аталанта да ја преземе целосна контрола. Тие заслужено водеа. Имавме доволно среќа да постигнеме израмнувачки погодок и да поведеме за кратко време.“

Денешниот натпревар поради повреда го пропушти Роналдо.

„Се надевам дека ќе се врати во вторник за ЛШ. Го има тој мал проблем кој најчесто го добива на тренинг.“ – додаде Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола не трпи порази: Манчестер сити ќе ангажира брутални засилувања

Манчестер Сити ја игра својата најслаба сезона откако Пеп Гвардиола стана менаџер на тимот…