Дома Фудбал Зидан: Многу врева се крена за гестот на Бејл

Зидан: Многу врева се крена за гестот на Бејл

Тренерот на Реал  Мадрид, Зинедин Зидан беше „бомбардиран“ со прашања за Герет Бејл и контроверзниот гест кој го направи фудбалерот на натпреварот со репрезентацијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, Зидан се обиде да ја смири ситуацијата и изјави дека едноставно се кренала голема врева за тој гест.

„Многу врева се крена за гестот на Бејл. Треба да се насочиме само на спортските аспекти, овде сум за да зборувам за фудбал. Доста е со тоа веќе. Јас ги гледам фудбалерите што прават на терен, а не надвор од него“, изјави Зидан.

„Нема да одговарам повеќе на прашања за Герет. Фановите кои навиваат за Реал треба да го поддржуваат. Зборував со него, тренираше добро и сигурно ќе сметам на него, бидејќи е важен играч за нашиот тим“, додаде Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн и Реал постигнаа таен договор поради Мајкл Олисе

По шпекулациите за трансферот на Мајкл Олисе, изгледа дека сега постои таен договор меѓу Б…