Ситуацијата со прославата на Бејл на пласманот на Велс на Европското со знамето на кои беа наведени неговите приоритети (Велс.Голф.Мадрид) крена голема прашина во медиумите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Навивачите кои и онака не му беа наклонети сега порачуваат дека Бејл веднаш треба да биде отстранет од тимот. Истото мислење го имаат и луѓето во еден од најпознатите шпански медиуми „Марка“. „Марка“ на ист начин му одговори со насловна страна на која пишувашез: Без почит. Погрешен.Неблагодарен.
Сега во медиумите се огласи агентот на Бејл, Џонатан Барнет кој не гледа нешто драматично.
„Реакциите на прославата на Герет се смешни. Тој никого не сакаше да провоцира, го направи тоа поради медиумите. Ние воопшто не сме загрижени“, изјави Барнет за „ЕСПН“.