Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија 2019 година ја завршува на 68. позиција на ФИФА ранг листата

Македонија 2019 година ја завршува на 68. позиција на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија годината ја завршува како 68-ма на ФИФА ранг листата.

Поразот од Австрија и победата над Израел во Скопје не ни донесоа подобар пласман. Од овие два натпревари освоивме плус три поени, а ни недостасуваа уште четири да ја поминеме Саудиска Арабија која е една позиција пред нас.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Промени до крајот на годината скоро и да не можат да се случат бидејќи завршија репрезентативните обврски оваа година.

Во топ десет нема поголеми промени, единствена промена има кај позициите на Хрватска и Португалија, Хрватска сега е шеста, а Португалија седма. Белгија и понатаму е на врвот, зад неа следуваат: Франција, Бразил, Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…