Дома Трансфер зона Дали Матиќ ќе го следи Мурињо во Тотенхем?

Дали Матиќ ќе го следи Мурињо во Тотенхем?

Српскиот фудбалер, Немања Матиќ најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимата.

Оваа сезона, Матиќ е незадоволен од минутажата која му ја дава Солскјер и одлучен е во намерата да го напушти „Олд Трафорд“, особено дека не му беше понудено продолжување на договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите на Островот пишуваат дека трансферот на Матиќ би можел да се случи во јануари, а најсериозен интерес за него покажуваат италијанските клубови.

Сега откако Мурињо е назначен за нов менаџер на Тотенхем, медиумите на Островот тврдат дека Србинот може да го следи својот „ментор“. Познато е дека двајцата имаат посебен однос – Португалециот го донесе Матиќ во Челзи, а потоа и на „Олд Трафорд“.

Мурињо може да ја искористи ситуацијата со незадоволството на Матиќ по Манчестер Јунајтед и да го донесе во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На Меси во Интер Мајами му се придружува уште едно големо име?

Како што пренесува „ЕСПН“ Анхел Ди Марија би можел да биде нов соиграч на Лионел Меси во М…