Дома Фудбал Италија Нов договор за Бонучи – повратникот ќе остане во Јувентус до 2024

Нов договор за Бонучи – повратникот ќе остане во Јувентус до 2024

Јувентус му прости на Леонардо Бонучи за „предавството“ и трансферот во Милан, па после само една година се врати во Торино.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Бонучи и после враќањето покажа колку е важен за тимот на „бјанконерите“, па раководството реши да му понуди нов договор.

Бонучи оваа сезона во отсуство на Киелини е лидер на одбраната, па без него одбраната на „бјанконерите“ е просто незамислива.

32-годишниот Италијанец денес стави потпис на нов договор и се обврза на верност со „старата дама“ до 2024 година.

Бонучи со новиот договор доби зголемување на актуелната плата, но точната висина не се обелоденува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …