Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за младата ѕвезда на Челзи, Калум Ходсон – Одој.
Без оглед на фактот што младиот фудбалер во септември го продолжи договорот со „сините“ до јуни 2024 година, сепак Реал планира да испрати понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челзи моментално ја проценува својата млада ѕвезда на неверојатни 175 милиони евра, па „кралевите“ ги очекуваат тешки преговори за да успеат да ја намалат оваа цена.
Реал Мадрид планира на лето да донесе една голема млада ѕвезда, а главната мета е Килијан Мбапе, додека Ходсон Одој е алтернатива на Французинот.
Ходсон – Одој има одиграно 36 натпревари за Челзи и минатата година со своите настапи го привлече вниманието на многу европки гиганти.
Најсилен интерес за него покажуваше Баерн Минхен, но Челзи ги одби сите понуди на Баварците, па сега останува да видиме дали ќе одолеат на понудата на „кралевите“.