Дома Фудбал Италија Алармирана и полицијата: Антонио Конте добил сериозна закана!

Алармирана и полицијата: Антонио Конте добил сериозна закана!

Тренерот на Интер Антонио Конте според пишувањето на италијанските медиуми е под полициска заштита откако добил коверт во кој имало куршум.

„Кориере дела Сера“ и „Газета дело Спорт“ пишуваат дека Конте добил писмо со закани по неговиот живот во кое било ставен и еден куршум.

Куршумот во плико во Италија е веќе добро познат начин за заплашување, а слични закани претходно добиваа и неколку политичари.

Истрагата е отворена и Конте за секој случај ќе биде под полициска заштита. Имено, полицајци стојат пред неговиот дом и тренинг кампот на Интер.

Италијанската полиција ваквите работи ги сфаќа сериозно и не сакаат ништо да препуштат на случајноста.

Ќе потсетиме, Конте беше мета на навреди и критики од страна на навивачите на неговиот поранешен клуб Јувентус кога се одлучи да го превземе Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Млад талент од САД на радарот на Арсенал, Ливерпул и Челси

Арсенал, Ливерпул и Челси се заинтересирани за 18-годишниот лев бек Пејтон Милер, кој блес…