Дома Топ вести „Бомба“ од Италија: Донарума се сели во Јувентус?

„Бомба“ од Италија: Донарума се сели во Јувентус?

„Газета дело Спорт“ со денешното издание лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Јувентус тргнува по младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума.

20-годишниот Донарума игра уште една одлична сезона и е една од ретките светли точки кај „росонерите“, а веќе е прв големан на италијанската репрезентација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ тврди дека спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе работи на неговиот трансфер и имал неколку средби со Мино Раиола.

„Бјанконерите“ му понудиле нов договор на Шчешни, но Полјакот бара плата од 7 милиони евра по сезона, па раководството на „старата дама“ одлучило на лето да се разделат.

Најголема желба на Јувентус е секако Донарума кој важи за иднина на италијанската репрезентација и иако е млад веќе има големо искуство и скоро 200 меча за Милан.

Сепак, тешко ќе биде да се убеди Џиџо да премине во големиот ривал бидејќи е многу поврзан со Милан,а  неговиот договор со „росонерите“ истекува во 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…