Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер синоќа го победи Новак Ѓоковиќ во 3. коло од групната фаза на завршниот Мастерс во Лондон со 2:0 во сетови.
Тоа беше една од најдобрите партии на Федерер оваа сезона, кој практично го ‘исчисти теренот’ со еден од двајцата најголеми ривали, а после натпреварот изјави:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Влогот беше голем. Излегов и отсервирав добро. Мојот план за игра функционираше перфектно. Се надевам не и последен пат против Новак. Ова беше одлична игра од моја страна.“
Што беше поразлично во однос на финалето на Вимблдон, кое го загуби?
„Сега ја искористив меч топката.“ – искоментира Федерер низ смеа.
Инаку, Федерер со оваа победа се пласира во полуфиналето на Завршниот мастерс. Ривалот ќе го дознае денеска кога следува расплетот во групата Андреа Агаси. Циципас го осигура полуфиналето, додека второто име најверојатно ќе се бара помеѓу Зверев и Надал иако и Медведев има свои шанси.