Дома Трансфер зона Модриќ не исклучува трансфер во Италија

Модриќ не исклучува трансфер во Италија

Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ ја коментираше можноста да се пресели во италијанската Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изминатите два летни трансфер прозорци Модриќ беше силно поврзуван со трансфер во Серија А, најпрвин во Интер, а потоа и во Милан.

Модриќ ја игра последната година од договорот со Реал Мадрид и не ја исклучува можноста да заигра во Серија А.

„Ми се допаѓа Италија, блиску е до мојата татковина. Ја следам Серија А зошто таму играат многу мои соиграчи од репрезентацијата. Италијанците како луѓе се фантастични и имаат сличен менталитет како Хрватите. Ќе видиме дали еден ден ќе заиграм во Италија“, истакна Модриќ.

„Во моментов не можам да зборувам за тоа, бидејќи сум фудбалер на Реал Мадрид. Среќен сум во овој клуб, ќе видиме што ќе донесе иднината“, додаде хрватскиот плејмејкер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…