Главна тема во италијанските медиуми е скандалот кој го направи Кристиано Роналдо за време на дербито со Милан викендов.
Португалецот беше изваден од игра во 54-та минута, а тој демонстративно го напушти теренот без да се поздрави со тренерот. Притоа, медиумите известија дека го напуштил стадионот пред да заврши мечот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа е против клупските правила на Јувентус, па било кој друг фудбалер да го направеше ова сигурно ќе добиеше жестока казна, но не и Кристиано Роналдо.
Роналдо моментално е со португалската репрезентација и во клубот се надеваат дека до неговото враќање ситуацијата ќе се смири. Тогаш сигурно ќе има состанок помеѓу Роналдо и Сари, на кој ќе присуствуваат и Килеини и Буфон.
Медиумите во Португалија тврдат дека Роналдо е разочаран од ситуацијата во клубот бидејќи во претходните клубови беше и тоа како заштитен.
Роналдо веќе размислува да го напушти Јувентус, а таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Јунајтед и да го врати Португалецот на „Олд Трафорд“.