Дома Фудбал Репрезентации Играчите на Сити и Ливерпул влегле во расправија на тренингот на Англија

Играчите на Сити и Ливерпул влегле во расправија на тренингот на Англија

Aнглиската репрезентација се припрема за крајот на квалификациите на ЕП, а на вчерашниот тренинг се случил инцидент помеѓу двајца фудбалери.

Во неделата Ливерпул на „Енфилд“ го победи Манчестер Сити со 3:1 во дербито на колото и така направи голем чекор напред во трката за титулата. Кон крахот на натпреварот се случи еден мал инцидент кога Стерлинг имаше што да му каже на Џо Гомез.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Судир овие двајца имале и ден подоцна и тоа на тренингот на Англија.

Очигледно страстите кај Гомез и Стерлинг не се смириле и во текот на загревањето дошло до судир. Останатите играчи биле шокирани од она што се случува и почнале да ги раздвојуваат.

На селекторот Герет Саудегјт сега најмалку му е потребно нарушување на атмосферата во соблекувалната откако Англија после подолго време игра одличен фудбал.

Токму тимскиот дух беше една од карактеристиките кои ја красат оваа селекција, па останува да се види како овој ицнидент ќе се одрази и дали Стерлинг и Гомез ќе бидат казнети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…