Рио Фердинанд изјави дека Кристиано Роналдо е најдобар пример за сите деца кои еден ден сакаат да станат успешни спортисти.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фердинанд ја делеше соблекувалната со Роналдо во Манчестер Јунатед, па имаше прилика одблизу да се увери колку Португалецот влежува во својата кариера и напорно работи.
„Со оглед на тоа какви суми се вртат во спортот, младите треба да ги копираат Леброн Џејмс или Кристијано Роналдо. Леброн 17 години е на врвот во НБА, тоа е неверојатно. Кристијано пак има 34 и се уште е на врвот, тој една декада е помеѓу двајцата најдобри фудбалери во светот“.
„Ронакди беше првата личност која сам сум ја видел како вложува во себе. Се шетав околу неговата куќа и видов десет луѓе во неговата соба. Си реков: Кои се тие луѓе? Што се случува“, објаснува Фердинанд.
Тогаш Роналдо му појаснил дека тоа е неговиот тим кој се грижи за него. Таму биле неговиот кувар, психолог, доктор, личен тренер, физиотерапевт…
„Замина од Манчестер Јунајтед за да стане најдобар во светот. Тој е како Леброн Џејмс, двајцата вложија многу пари во тоа да имаат соодветна опрема со цел нивното тело и нивниот ум да работат на највисоко ниво долги години“, заклучи Фердинанд.