Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го најави дербито против Манчестер Сити во 12-то коло во Премиер лигата.
Натпреварот на „Енфлид“ се најавува како натпревар кој би можел да биде одлучувачки во трката за титулата, а Клоп најави храбра игра на неговиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако еден тим не е доволно храбар против Манчестер Сити нема да освои ниту еден бод. Треба да бидеме храбри и смели. Треба да креираме, но позиционирањето треба да ни биде перфектно. Одбраната исто така треба да биде перфектна. Треба да се обидеме да се адаптираме на работите кои ги прави нашиот противник и да не му дозволиме да го прави“, изјави Клоп.
Клоп потврди дека Хендерсон и Ван Дајк кои претходно во текот на неделата пропуштија тренинг ќе бидат спремни.