Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал и Вест Хем се силно заинтересирани за дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт, Мартин Хинтерегер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Австрискиот репрезентативец го привлече вниманието на „топџиите“ за време на нивниот дуел во Лига Европа. Меѓутоа, проблем за Арсенал е и интересот на Вест Хем кој има одлични односи со Ајнтрахт.
На „Емирати“ веруваат дека понуда од 22 милиони евра би била доволна да се задоволат апетитите на германскиот клуб и го сакаа Хинтерегер уште во јануари.
Хинтерегер пристигна минатото лето за 9 милиони евра од Аугсбург, па останува да видиме каков ќе биде одговорот на Ајнтрахт на таквата понуда.