Унаи Емери одлучи јавно да прозбори за шпекулациите кои го поврзуваа Жозе Мурињо со тренерската работа во Арсенал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вo јавноста се појавија информации дека еден од првите луѓе на Арсенал, Раул Санлехи вечерал со Жозе Мурињо и наводно му понудил да биде нов тренер на клубот. На тие медиумски написи, Унаи Емери само кратко одговори:
„Јас сум тренерот на Арсенал“ –отфрлајќи секаква можност тој да замине од клубот во скоро време.
Сепак, јасно е дека ако Арсенал во брзо време не ја поправи играта многу лесно може да се случи на Емери да му биде покажана излезната врата.