Дома Фудбал Барселона без Жорди Алба до декември

Барселона без Жорди Алба до декември

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба ќе биде надвор од терените најмалку до декември, откако ја обнови повредата на мечот против Славија Прага, пренесуваат каталонските медиуми.

Шпанскиот репрезентативец имаше проблеми со бутниот мускул на почетокот на сезоната, а сега ја обнови повредата.

Медицинските прегледи покажаа дека повторно има повреда на истиот мускул, па му претстои период на рехабилитација од 4 до 5 недели.

Искусниот лев бек сигурно ќе го пропушти дуелот со Селта но и натпреварите на Шпанија во квалификациите за ЕУРО 2020.

Алба оваа сезона има многу проблеми со повредите, па до сега одигра само шест меча во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ираола го доби токму ривалот што не го сакаше, Сити оди кај Брадфорд

Ливерпул ќе го пречека Борнмут во четвртфиналето на Лига купот, а Манчестер сити ќе гостув…