Дома Трансфер зона Милан следи две холандски ѕвезди (видео)

Милан следи две холандски ѕвезди (видео)

Италијанскиот гигант Милан е сериозно заинтересиран за двајца млади холандски таленти, пренесуваат медиумите на Апенините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 18-годишниот напаѓач на АЗ Алкмаар, Мајрон Боаду, кој ги импресионираше сите оваа сезона со своите настапи, па постигна 10 гола и запиша 9 асистенции во 19 одиграни меча од почетокот на сезоната.

Боаду има договор со АЗ Алкмаар до 2023 година, но за неговиот потпис интерес покажуваат многу европски гиганти.

И покрај младата возраст тој демонстрира огромен потенцијал, па неговата цена секојдневно расте. Поради тоа Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Сан Сиро“ уште во јануари.

Вториот играч е Дензел Думфрис од ПСВ. Станува збор за десен бек кој е одличен како во дефанзива, така и во офанзива. Оваа сезона одигра 22 меча во сите натпреварувања на кои постигна 4 гола и запиша 4 асистенции.

23-годишниот Холанѓанец има договор со ПСВ до 2023 година и неговата цена се движи помеѓу 10 и 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…