Австриските медиуми објавија дека Салзбург одредил цена за „вундеркидот“ Ерлинг Халанд.
Со само 19 години овој норвешки фудбалер игра фантастично за Салзбург. Настапите на Халанд во Лигата на шампионите не поминаа незабележано од гиганти како Јувентус и Манчестер Јунајтед, кои наводно веќе испраќале понуди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако судиме според она што се пишува во австриските медиуми заинтересираните клубови ќе можат добро да го одврзат ќесето ако сакаат да го доведат. Салзбург ќе го пушти Халанд ама за – 100 милиони евра.
Извесно е дека клубот од градот на Моцарт значително ќе профитира од продажбата на Халанд. Норвежанецот во Салзбург пристигна на почетокот на оваа година од Молде за само пет милиони евра.
Халанд со голот против Наполи се запиша во историјата на Лигата на шампионите. Тој стана само четвртиот играч кој постигнал гол на секој од првите четири натпревари во најелитното натпреварување. Претходните четворица се: Зе Карлос (Порто 1992/1993), Дел Пиеро (Јувентус 1995) и Диего Коста (Атлетико Мадрид 2013/2014).
Исто така стана првиот играч во историјата кој постигнал седум гола на своите први четири настапи. Зад него се Раул и Мбапе со по 6.